Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Мерко и уште четворица добија кривични пријави за уривањето на куќата на Малески во Струга

Уште една кривична пријава за струшкиот градоначалник – Рамиз Мерко, овојпат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште една кривична пријава за струшкиот градоначалник – Рамиз Мерко, овојпат за незаконско одобрување градежни работи што довеле до оштетување на спомен-куќата на писателот Влаго Малески – заштитен културен објект. Полицјата соопшти дека покренала постапка против пет лица, меѓу кои инвеститор, архитект-конзерватор, двајца службеници од општината и градоначалникот Мерко.

Според истрагата, инвеститорот од Велешта на 15-ти октомври нелегално ја урнал старата струшка куќа на парцела во центарот на градот и, при копањето, ги поткопал темелите на соседниот објект – спомен-куќата на Малески. Покрај инвеститорот, архитектот-конзерватор од Охрид, вработен во Завод и музеј, незаконски одобрил проект што не смеел да биде усогласен со идејното решение. Градоначалникот Мерко, пак, потпишал дозвола за градба спротивно на стручните акти, а раководителот на урбанизам и неговиот помошник изготвиле документација со која, како што тврди полицијата, бил заобиколен законот.