Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Мерката есенска потрошувачка кошничка ги дава посакуваните резултати

Мерките ученичка и есенска потрошувачка кошничка ги дават  очекуваните резултати. Кај одредени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерките ученичка и есенска потрошувачка кошничка ги дават  очекуваните резултати. Кај одредени производи, посебно кај житариците има намалување на цените за повеќе од 10%. Дури 30% поевтино се продаваат и училишните прибори. Според премиерот Мицкоски, одредени маркети ги испочитувале одредбите, но имало и трговци  манипулирале со цените.  Во моментот инфлацијата е 2,2%.

„ Тоа е голема заштеда за граѓаните . стапката на инфлација во месец август е 2,2%. Не така одамна пред една година стапката на инфлација беше повеќе и од 20%. Тоа беше директен удар врз стандардот на граѓаните . сега имаме ниски цени, инфлација којашто е најдобра во регионот и една од најдобрите во Европа и уште повеќе ќе носиме мерки и политики за да ја спуштиме уште подолу инфлацијата„ изјави премиерот на државата, Христијан Мицкоски.

Во меѓувреме инспекциските служби се на терен, контролираат дали маркетите и останатите трговци ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики. Првите три месеци, односно до Нова година ќе има само опомени, а потоа Комисијата за заштита на конкуренција ќе започне и со  санкции. Казните можат да достигнат и до 20.000евра за трговците на мало

Реклама

   „Моја препорака е да ги почитуваат договорите и законот, а индиректно преку регулирањето на односот на производителите и добавувачите со трговците, ќе има индиректно намалување дополнително на цените, кои се очекува средината на ноември да паднат цените во одреден процент„ изјави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристевски.

Законот за нефер трговски практики  со кои повеќе од 2500 земјоделски и прехранбени производи добија ограничена маржа до 10%, беше донесен  во март годинава. Трговците и добавувачите имаа рок од шест месеци да ги усогласат договорите. Со новиот закон не се регулира маржата, туку се забрануват допоплнителните трошоци. 

Александра Ристевска