Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Мемов: Стабилна поддршка и раст на Движењето ЗНАМ на локалните избори

Овие избори ја потврдија стабилизацијата на нашето гласачко тело во однос на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овие избори ја потврдија стабилизацијата на нашето гласачко тело во однос на минатите парламентарни избори и покажаа дека владините политики кои ги водиме се во вистинска насока, истакна на денешната предс-конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов.

-Дозволете ми да изразам големо задоволство од резултатите на локалните избори, кои ги освои Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, со освоени речиси 40.000 гласови. Воедно сакаме да се заблагодариме на сите граѓани, членови, симпатизери и подржувачи на ЗНАМ, кои го искористија своето право на глас и ја потврдија довербата во нашето делување. Вашиот глас е нашата најголема поддршка и мотив да продолжиме понатаму. Јасно е дека граѓаните го препознаваат нашето чесно и одговорно делување. Нашиот концепт на чесна, директна и народна политика наидува на сè поголема поддршка низ целата држава – и тоа е клучната порака од овие локални избори, рече тој.

Соопшти дека за прв пат освоиле советнички места во повеќе од 50 општини низ Македонија, како и во Градот Скопје. Според него, тоа е доказ дека ЗНАМ станува релевантна политичка сила која носи вистински промени и влијание на локално ниво.

Реклама

Мемов нагласи дека во Куманово имаат убедливото водство во првиот круг, каде што, како што рече, нивниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски остварил предност од над 11.000 гласа.

-Кандидатот на СДСМ не успеа ниту да се пласира во вториот круг, што јасно ја покажува реалната поддршка на граѓаните  за ЗНАМ и разликата меѓу политиките и празните ветувања на СДСМ. Едновремено, се гледа агонијата на СДСМ и на државно ниво, со освоени само околу 120.000 гласови е јасен сигнал дека граѓаните ја изгубија довербата во нивните политики. Во Општина Центар влегуваме во вториот круг, ја продолжуваме борбата за промена и крај на владеењето на старите политички структури. Убедени сме дека Мирослав Лабудовиќ ќе победи во Центар, носејќи обнова, транспарентност и правда, рече тој.

Овие избори, како што потенцира Мемов, покажале дека значителен број гласови добија и независните кандидати, што е, како што посочи, позитивен сигнал за демократијата и поголемо учество на граѓанските иницијативи во локалните самоуправи.

Мемов најави дека ЗНАМ продолжува понатаму – обединети, со нова енергија, јасна визија и конкретни решенија за промени.