Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Меморандум за соработка на Организацијата ЖЕНА Делчево и Факултетот за образовани науки при УГД – Штип

Организацијата „ЖЕНА“ Делчево и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Организацијата „ЖЕНА“ Делчево и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска потпишаа Меморандум за соработка. Целта, како што информира од Организација Жена е унапредување на образовните процеси, поддршка на младите и промовирање на родовата еднаквост.

Со воспоставувањето на ова партнерство, двете страни најавуваат заедничко делување во повеќе области.

– Меѓу останатото предвидени се активности за развој и спроведување едукативни програми и неформални тренинзи, поддршка на студентската пракса и теренските активности за идните педагози и наставници, како и ко-креирање проекти во рамки на програмата Еразмус+, KA2 и други национални и меѓународни иницијативи, истакнаа од Организација Жена.

Реклама

Меморандумот предвидува и заеднички истражувања поврзани со образованието, родовата еднаквост, детскиот развој и социјалната инклузија, како и поттикнување волонтерски и развојни активности во локалната заедница.

Од Организацијата „ЖЕНА“ Делчево изразија задоволство од започнувањето на соработката, оценувајќи дека таа претставува силен чекор кон создавање поинклузивна и поразвиена заедница.