Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Меѓународниот Ден на детето – Секое дете заслужува љубов, внимание и топол дом

Секое дете заслужува љубов, внимание и топол дом. Тоа е пораката од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секое дете заслужува љубов, внимание и топол дом. Тоа е пораката од дворот на Домот за згрижувачки семејства „11 Октомври“ во Скопје, каде се одбележа Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачите. Стотици дечиња ја чувствуваат родителската љубов преку мерката на државата за згрижувачки семјства. Системот функционира, а Владата најавува дека ќе го унапредува за да биде поефикасен и да може да помогне на уште повеќе дечиња. Надлежните веќе поготвуваат серија мерки во договор со сите инволвирани и релевантни институции:

„Од следната недела ќе започнат интезивно состаноците каде што ќе дадеме заклучоци а потоа Ќе предложиме на Владата квалитетни мерки за нови законски измени и сето она што треба да биде дел од системот за згрижувачките семејства. Со сето ова што го прават за овие дечиња не го отвораат само својот дом туку и срцето“, изјави Ѓоко Велковски, заменик министер за труд и социјална политика.

Во моментов во Македонија има 380 згрижувачи кои се грижат за 620 деца. Но, потребата е сè уште голема. Затоа, освен благодарност, потребни се и реални решенија, вели директорката на „Домот за згрижувачки семејства 11 Октомври Розета Влаховиќ.

Реклама

„Минатата година имавме 120 згрижувачи, а денеска сме 182 со 320 згрижени деца – број еден сме во Македонија. За згрижувачите, тие не се херои тие се исто родители и мајки како нас меѓутоа имаат огромно срце и желба дел од својата љубов и нивниот топол дом да згрижат по некое детенце“, изјави Розета Влаховиќ, директорка на Домот „11 Октомври“,. 

Новина е што згрижувачките родители, добиваат можност и за дополнителен приход и преку измените во законот за вработување со кој се регулира дополнителниот работен ангажман за пензионери, студенти, социјалци и млади над 16 годишна возраст.

„Тој закон помина во собрание пред неколку дена ќе видиме како ќе помине имплементацијата. Намерата на законот вака донесен е во неколку категории каде сме дефицитарни со кадар кој треба да биде работоспособен, е делот кај што ги опфаќаме токму социјалните случаи, пензионерите и студентите како такви кои сега за жал работат во угостителство во сивата еконимија работат на црно, сакаме да го регулираме тој однос“, изјави Ѓоко Велковски – заменик министер за труд и социјална политика.

За подобрување на условите за дечињата и семејствата каде тие се згрижени, активно се вклучени и општините. Од Здружението на единиците на локална самоуправа најавуваат широка кампања за зголемување на свеста кај граѓаните да бидат хумани и активно да се вклучат во грижата за децата без родители.