Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Меѓународен ден на белиот стап, лицата со оштетен вид бараат еднаков пристап и подобра инклузија во општеството

Tој велешанец, а таа штипјанка. Пред две години се запознале и оттогаш  се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Tој велешанец, а таа штипјанка. Пред две години се запознале и оттогаш  се неразделни.  Горан Бошковски  и Ливанта Дивчова, заедно се борат со сите предизвици наметнати од нивниот хендикеп. Ливанта е слепо лице, а Горан е со  99% оштетен вид. Бариерата и ѕидот околу нив го срушиле, па сега еден со друг ги надополнуваат своите недостатоци.

  „Си помагаме еден со друг. Едниот има едни, другиот други обврски. Јас одам до продавница, а таа околу домашните обврски. Готви, чисти и така се надополнуваме еден со друг„ вели Горан Бошковски.

И двајцата се приматели на додаток. Горан е корисник и на семејна пензија.  Ливанта има завршено средно училиште за физотерапевт во Белград.  Разочарани  се, бидејќи државата не им дозволила, во целост да се докажат.

Реклама

   „Со самото тоа што сум образована, го знам Брајевото писмо, имам звучна опрема. Иако ова општество не ми овозможи да се вработам и да бидам вклучена во секојдневниот живот, јас сама се организирав, а си ја најдов и мојата среќа„ вели Ливанта Дивчова.

Тактилни патеки, високи тротоари, нефункционални звучни семафори, се само дел од пречките со кои секојдневно се соочуваат. Оваа симпатична двојка, која денеска со останатите членови, го одбележуват 15 октомври-Меѓународниот ден на белиот стап, објаснува дека се потребни и нови законски решенија околу личните асистенти.

  „Никој од фамилијата, не може да ни биде личен асистент, а нам најмногу можат да ни помогнат домашните. Овде би требало да се направи нешто и да се подобар работите„ објаснува Дичова.

Долга е листата со барања за подостоинствен живот на слепите лица, заклучуваат нашите соговорници, кои и покрај сите предизвици и бариери, остануват оптимисти и  животот го гледат од позитивен агол.

Александра Ристевска