Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Меѓу реформите и блокадите: ЕУ на видик, но магла на патот

Макотрпен пат кон Европската унија – некогаш чекор напред, некогаш два назад,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Макотрпен пат кон Европската унија – некогаш чекор напред, некогаш два назад, многу години во место. И сега повторно сме таму – на раскрсница со табла „ЕУ“, но без јасна насока каде води бидејќи и покрај сите реформи, болни компромиси во минатото, повторно се дозволува билатерални прашања да стануваат критериум за членство, што според експертите го поткопува кредибилитетот на Унијата.

Комесарката за проширување Марта Кос неделава отворено рече – гаранции нема. Ниту за Македонија, ниту за кој било друг. Од друга страна, нејзината посета на Софија и пораките по средбите со државниот врв таму, дека се надева оти ќе се најде решение, влеваат оптимизам. Но, колку и да се трудат челниците на ЕУ да посредуваат, според поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски клучот е во директна комуникација со Софија.

Кос, како и секој еврокомесар сака да покаже некакви конкретни чекори за остварување на агендата за проширување. Добредојдени се сите чекори и иницијативи од ЕК за приближување на двете страни, но решението треба да го бараме во една директна комуникација со соседна Бугарија бидејќи проблемите се должат на билатерални прашања. Останува да видиме дали нашата дипломатија ќе ги реализира оние планови за директен контакт со Бугарија и да се најде решение. Изминативе недели сведоци сме на континуирана активност на нашата дипломатија и на европска сцена што може да ја подобри нашата позиција и нашите аргументи да бидат слушнати од европските институции, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски.

Реклама

Македонија не бега од реформи, ниту од исполнување на Копенхашките критериуми – тоа го покажала сите овие години, а го покажува и сега со спроведувањето на реформската агенда поради која прва ги доби средствата за предфинансирање од Планот за раст. Но, по сите направени чекори напред, со право бара еден јасен сигнал од Европската Унија, дека нема повторно да стане жртва на билатерални блокади и уцени, велат упатените.

Малку е индикативно тоа што нашиот дијалог со ЕУ наликува на дијалог со глув. На секое наше тврдење дека ние не сме против Копенхашките критериуми и реформи, туку дека сакаме гаранции, да нема нови блокади на основа на билатерални проблеми, секогаш има одговор дека никој не може да ни гарантира. Се разбира дека никој не може да гарантира, но ние мислиме на блокади и прашања поради билатерални прашања. Ние сме посветени на реформи и исполнување на условите. Тоа на некој начин е лицемерно, вели амбасадорот Зоран Дабиќ.  

И додека чекаме Бугарија да попушти, или ЕУ да помогне, никој не ни брани да ги спроведеме реформите и да ги завршиме домашните задачи. Европеизација дома – независно како ќе се одвива пристапниот процес. Според познавачите, Македонија треба да се фокусира на економијата, владеење на правото, борба против корупцијата.

Македонија треба да ја европеизираме дома, со оглед дека овој процес нема да тече брзо, генерално нема да тече посебно за Македонија, така што да се фокусираме на она што значи благосостојба и она што значи економски раст во Македонија, па целиот процес кога тогаш се надеваме ќе видиме како ќе се реконфигурира светот после војната во Украина, вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.

Пораките од европските челници секогаш се дека проширувањето ќе остане врвен приоритет. За да се отвори првиот кластер, треба да поминат уставните измени на кои се согласи поранешната власт во 2022 година со прифаќањето на францускиот предлог. Македонската дипломатија сега се фокусира да обезбеди гаранции дека нема да има нови блокади од Бугарија, а едно од решенијата е уставни измени со одложено дејство.