Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Меѓународна младинска конференција во Крушево: Младите мора да бидат клучни чинители во своите општества

Околу 120 млади од 15 држави од Југоисточна Европа се учесници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 120 млади од 15 држави од Југоисточна Европа се учесници на 24. Меѓународна младинска конференција под мотото „Европа почнува овде и сега – Младите, европските вредности и проширувањето како наша заедничка иднина“ што до утре се одржува во Крушево.

Методија Стојчески, извршен директор на Младински сојуз од Крушево, организатор  веќе 24 години на меѓународната младинска конференција смета дека на младите мора да им се даде мотивот да се вратат воземјата и да бидат дел  од напредните економски процеси.

-Да се отвори тој пазар на работна сила, да може луѓето слободно да циркулираат и не само нашите да заминуваат, туку и да доаѓаат, да вложуваат знаења и финансии во својата земја, но и да отвориме можности како младите луѓе да учествуваат во донесувањето на одлуки во својата земја и на тој начин да ги артикулираат нивните потреби за градење ставови за просперитетни општества – вели Стојчески.

Реклама

Речиси сите млади констатираат дека корупцијата, невклученоста на младите во решавањето на проблемите на општествената заедница доведуваат до иселувања и миграции. Тоа се главните проблеми со кои се соочуваат младите од Југоисточна Европа. Посебен е притисокот на младите од шесте земји од Западен Балкан кои го чекаат влезот во Европската Унија. 

– Системот во Босна и Херцеговина остава доста простор за корупција, разни малверзации и непотизам. Но, младите се доста активни, работиме сето тоа да го намалиме и речиси да го отстраниме тој „канцер“ во општеството – вели Адем Ајдин, од Босна и Херцеговина.

Крешник Никола Кадиу од Албанија се согласува со нивото на корупција и смета дека речиси не се слуша гласот на младите, освен на четири години, за избори.

-Како млади треба да бидеме добри граѓани. Не како граѓани кои гласаат на секои четири години. Пред да се слушне нашиот глас јасно и гласно, треба повеќе да зборуваме за проблемите како да се решат за да има што да се слушне, вели Крешник Никола Кадиу од Албанија.

Нина Јовановска од Младински сојуз од Крушево нагласува дека во Македонија и по шест години не се спроведува Законот за млади што нив ги става на маргините.

-Ретко општините одделуваат одреден буџет од 0,1 процент за младите. Многу малку општини ги отвораат процесите за креирање на младинските совети,а и ако се креираат до крај не се разграничени надлежностите, одговорностите. Сето тоа го разводнува процесот и не се стигнува до суштината- младите вистински да бидат дел од процесите – вели Јовановска. 

Меѓународната младинска конференција во Крушево ќе трае до 27 септември, недела кога ќе бидат донесени заклучоци и доставени до надлежните институции.

Конференцијата се реализира во рамките на проектот „Western Balkans Youth Lab“ (WBYL), кој го спроведува Советот за регионална соработка (RCC), а е финансиран од Европската Унија.