Реклама
Македонија

Медиумите сѐ погласно бараат усвојување на измените на законот кој ја регулира нивната работа

Се повеќе медиуми се приклучуваат кон барањето на Македонската Медиумска Асоцијација за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се повеќе медиуми се приклучуваат кон барањето на Македонската Медиумска Асоцијација за усвојување на измените на законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги, измени кои остануваат заглавени во Собранието зашто пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми, не ги става на дневен ред пред матичната комисија.

Денеска сопственикот на три радио станици – Сити, Метрополис и Клуб ФМ, Дарко Гелев – Брејк преку видео порака објавена на социјалните мрежи, упати сериозна осуда за секој оној кој го опструира законот за медиуми држејќи го во фиока.

Вели дека станува за исклучително важен реформски закон кој е од суштинско значење за медиумските работници во чија подготовка биле вклучени сите заинтресирани страни па затоа сега не е јасно зошто некој намерно го кочи.

Реклама

Со законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да овозможи спречување на ширењето на пиратеријата, нејзино соодветно казнување, но и регулирање на пазарот со соодветно законско решение за емитувањето на националните телевизии од страна на кабелските оператори, како и транспарентност на трошењето на буџетски пари во јавните кампањи низ соодветна законска процедура преку собранието како контролен механизам. За кочењето на законот Македонската Медиумска Асоцијација преку писмо ги исвестила и амбасадите во земјава, во кое меѓудругото наведуваат, дека не сакаат да веруваат оти преставникот на ДУИ Арбер Адеми поради причини познати само на неговата партија со намера не сака да го стави законот на дневен ред на гласање. Од ММА ваквиот потег на адеми го толкуваат како уцена кон нив во пресрет на престојните избори, а со тоа индиректно мешање во нивната уредувачка политика.