Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

Во моментов Владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментов Владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници и по заминувањето на Таравари. И во албанскиот дел има легитимитет и ист број, и без Таравари имаме 13-14 пратеници, изјави претпладнево првиот вицепремиер Изет Меџити и соопшти дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт „кои се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“.

На новинарско прашање дали тие ќе дејствуваат како дел од пратеничката група на Вреди, Меџити одговори дека дел се од мнозинството и од Европскиот фронт и, рече, „ќе бидат поддршка за Владата“.

Соопшти дека деновиве се „во преговори за повеќе политички опции“ за ресорот здравство по заминувањето на Арбен Таравари „и врз основа на тоа“ ќе дадат нов предлог за министер.

Реклама

На прашање дали за опциите ќе се разговара само во рамки на Вреди или со премиерот Христијан Мицкоски, Меџити одговори – „мислам и на други поединци, групи, политички субјекти кои се надвор од Влен – во рамки на Европскиот фронт, кои се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“.

Не прецизираше дали тоа значи дека преговараат со Зијадин Села, лидер на крило на Алијанса за Албанците која е дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

-Со повеќе преговараме и ќе ве известивме кога ќе има конкретни резултати, сигурно следната недела, изјави Меџити одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на конференцијата „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“.

На прашање дали Владата има легитимитет кај Албанците по излегувањето на Арбен Таравари, одговори дека Вреди се повикува на „апсолутната победа на 107 илјади гласови“.

-И ниеден од чинителите внатре во Влен не може да каже дека ги има тие 107 илјади гласови в џеб. Затоа што има гласови и опозициски настроени кои излегоа да гласаат за промена и надеж. Премина од другата страна Таравари, но не и целиот политички субјект. Деновиве гледате дека има тензии, има различни размислувања, се отповикуваат видни членови на Алијанса за Албанците и мислам дека грото од членството на Алијанса за Албанците ќе остане во рамките на Влен бидејќи тие придонеле за победата и за овие промени и нема да дозволат заради лични побуди и лични интереси да се враќаат кај Демократската унија за интеграција, истакна Меџити.

За тоа дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кадар од партијата на Таравари, ќе остане на функцијата, со оглед дека се уште не најавил оставка, Меџити одговори „добро ја тера работата, успешно придонесува за промените и се надевам дека ќе продолжи“.