Кривична пријава за Данела Арсовска. Вицепремиерот Изет Меџити најави дека ќе се бара одговорност за скопската градоначалничка, за која вели дека е последниот адут на Али Ахмети за дестабилизација на државата. Меџити предупредува дека Арсовска со лажни тврдења за проблеми во општина Чаир се обидува да предизвика конфликт и немири. Откако не му успеало со Таравари, сега лидерот на ДУИ според Меџити ја користи токму Арсовска како инструмент за остварување на неговите цели.
„Ова е последниот план на Ахмети преку Блерим Беџити шефот на парламентарната група за дестабилизација преку општините. Овој пат не сами не преку Таравари и други актери туку преку Левица и инструменот Данела Арсовска која е во функција за дестабилизација. Тоа се лажни тврдења и за тоа ќе добие кривична пријава. Мислам на објектот каде што се сликаше“, изјави Изет Меџити министер за животна средина.
Меџити предупредува дека Арсовска не треба да глуми инсперктор, туку конечно да почне да работи за она што била избрана. Вицепремиерот предупредува дека Арсовска заборава во каква состојба се јавните претпријатија која таа треба да ги менаџира

„Таа изигрува инспектор, контролор, но заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот. Добро е да ја видиме во Сарај во Шутка каде се нејзините партнери. Добро е да каже нешто за синот на шефот на парламентарната група Блерим Беџити кои има 17 години има договор за интелектуални услуги во комунална хигиена“, изјави Изет Меџити министер за животна средина.
Судирот Арсовска Ганиу ескалира откако таа го обвини градоначалникот на Чаир за дивоградби. Арсовска веќе неколку дена објавува документи, а целата ситуација ескалираше синоќа откако градоначалникот на Ганиу и истури камион со отпад пред нејзината канцеларија во Град Скопје како одговор што не функционираат градските комунални служби. Гануиу денеска ја обвини Арсовска дека обработува за ДУИ кои се плашат од пораз на локалните избори. Ги отфрли обвинувањата за дивоградбите и повика институциите да реагираат ако имало нешто незаконски.
„Аларамнтно е во 21 век во топло и влажно време да се гушиме во ѓубре и да се плашиме од зарази. И се обраќам на Арсовска почитувам дека сте жена но ве молам решавајте ги проблемите смирено и достоинствено. Немојте да бидете инструмент во рацетее на неколку моќници на ДУИ. Госпоѓа Арсовска, господин Османи, господин Беџети. Прашањето е едноставно. Ќе помогнете ли на чаир или ќе продолжите да ја држите како заложник на партиска битка. Јас ви тврдам дека во таа последната зграда ќе искочи дека ние сме ја легализирале, тоа на суд ќе се докажеме. Општина Чаир не ја легализираше. Не бришеме ништо. Се ќе докажеме на суд. Со тоа шоуто што го прави ви тврдам дека други општини имаат три пати повеќе дивоградби“, изјави Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир.
Арсовска пак порача дека нема да се повлече и ќе продолжи да ги открива наводните криминали во општина Чаир.
