Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Меџити: Мојата изборна програма ја става грижата за пензионерите како приоритет, ќе инвестираме во нивната благосостојба

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити по денешната посета на Здружението на пензионери во Чаир истакна дека неговата изборна програма ја става грижата за пензионерите како приоритет.

-Денес се наоѓам во Здружението на пензионери во Чаир за да се сретнам со еден од најважните столбови на нашата заедница генерацијата која со труд, жртва и љубов го изгради Чаир. Ова посета има посебно значење за мене, бидејќи не сум тука само за да слушам, туку и за да сведочам дека нашите зборови се претвораат во реалност. Како што ветивме пред неколку недели, Здружението располага со дополнителен простор кој ќе им служи за дневни активности и поголема вклученост во општествениот живот во општината, рече тој.

Меџити нагласи дека ќе продолжат да инвестираат во просториите, услугите и благосостојбата на пензионерите затоа што, како што посочи, една добра општина се мери по тоа како ги третира своите највозрасни. 

Реклама

-Особено ме радува фактот што оваа година пензионерите добија конкретна поддршка од Владата, вклучувајќи и зголемување на пензиите. Од 1 октомври е реализирано последното зголемување, а со зголемувањето што следи во март ова претставува дополнителна поддршка од 7 илјади денари, значаен чекор кон економска сигурност за нашите постарите сограѓани, изјави Меџити.