Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Меџити: Имаме усогласеност во владата за Закон за правична застапеност

Во владината коалиција има усогласеност за закон за правична застапеност само треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во владината коалиција има усогласеност за закон за правична застапеност само треба да се најде начин како ќе се води евиденцијата која етничка група колку е застапена во администрацијата – вели првиот вицепрмеиер Изет Меџити. Исто како другите партнери во владата, и тој стои на ставот дека бансерот беше предмет на злоупотреба последниве години, па ново законско решение би ги надминало недостатоците на оваа алатка.

„Балансерот беше во функција на спроведување на Рамковниот договор и правична застапеност на помалите заедници во државната и јавната администрација. За волја на вистината, првите години даде придонес во тоа и се подобри сликата на етничката припадност во јавна и државна администрација. Но, во последните години не беше во функција туку имаше контраефект бидејќи имаше многу случаи каде иако „балансерот“ ќе кажеше дека треба да се вработи Албанец, Турчин или Македонец, луѓето за да се вработат се изјаснуваа лажно. На централно ниво можеа Македонците да се изјаснат како Албанци, на локално ниво Албанците како Македонци. Така што, „балансерот“ е надвор од својата функција. Имаме политички договор тоа да се среди со Закон за правична застапеност, но и квалитет“, вели Меџити.

Во моментов, сите вработувања по етнички клуч се стопирани, бидејќи уставниот суд ја замрзна оваа алатка, додека не се произнесе со конечен став, дали балансерот се коси со уставот.

Реклама

Претходно, министерот за администрација Минчев, рече дека за сега не се размислува за законско решение, бидејќи се чека одлуката на судот. Доколку би имало нов закон за правична застапенот, прво мора да се синхронизира меѓу коалициските партнери, па потоа да биде доставен во Собранието.

Премиерот Мицкоски уште за време на предизборната кампања најави укинување на балансерот бидејќи Европската унија имаше многу замерки за ваквите вработувања.

Експертите често пати алармираат дека балансерот е уникатна алатка која постои само и само во Македонија – таа е спротивна на голем број закони, акти, конвенции во рамки на Европската унија и нејзините институции.