Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст на поддршката по првиот изборен круг и дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма.

-Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг, рече тој. Мециновиќ истакна дека Левица ќе ја преземе улогата на обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје.

-Нашата улога како обединувачка сила е очигледна, и тоа е одговорност, но и привилегија. Испишуваме нови страници во политичката историја на Македонија, истакна тој.

Реклама

Во своето обраќање Мециновиќ најави дека Левица е во разговори со неколку независни листи за можност за соработка во Градскиот совет. Како што истакна со дел од независните листи, како Зелен Хуман Град, веќе имале заеднички ставови и гласања во претходниот мандат.

-Верувам дека и овојпат можеме да најдеме заеднички точки на интерес, додаде тој.

Моменталната политичка ситуација Мециновиќ ја оцени како мобилизација против владината политика, посочувајќи дека владата, според него, ја злоупотребува кризата со отпадот во Скопје.

-Владата сакаше до крај да ги истроши скопјани, за потоа да прави театар со нивното здравје. Тоа е доказ дека имаме деструктивна власт, истакна Мециновиќ.

Кандидатот на Левица порача дека партијата во следниот период ќе понуди алтернатива која ќе биде проактивна и фокусирана на интересите на граѓаните, а не на лични агенди.

-Не сакаме повторно да се повтори сценариото со градоначалничката Данела Арсовска. Ние сме тука да ја исполнуваме агендата на скопјани, не на поединци, истакна тој.

Мециновиќ најави и конкретни потези веднаш по преземањето на градската власткако раскинување на сите штетни договори што ја оптоваруваат градската администрација и јавните претпријатија „уште во првите 72 часа“. Исто така, нагласи дека во првите 72 часа ќе го раскинат договорот со кој казина и обложувалници се рекламираат на автобусите.

-Тоа веќе не смее да биде така. Градската власт не смее да дозволува промовирање на корозивни општествени процеси на својот имот, објасни Мециновиќ и додаде дека со ваква одлука ќе се подобри и финансиската состојба на Јавното сообраќајно претпријатие.

Според него најатрактивниот рекламен простор во градот ќе биде вратен под стопанисување на јавното претпријатие, а не на приватни маркетинг агенции кои му оставаат само трошки.

Во делот на културата, Мециновиќ најави две нови насоки во политиката на градот за поддршка на младите: финансиско зајакнување на Младинскиот културен центар (МКЦ) и основање на скопски графити фестивал.

-Сакаме да му дадеме поголема финансиска поддршка на МКЦ. Дел од неговите простории може да се претворат во Скопско рок школо, простор каде младите ќе имаат пристап до инструменти и ќе можат да вежбаат и да се усовршуваат, објасни тој, додавајќи дека проектот ќе биде по примерот на слични иницијативи во европските градови.

Мециновиќ најави и идеја за нов фестивал. -„Ќе поддржиме формирање на Скопски графити фестивал, по примерот на градови како Мостар. Секоја пролет ќе каниме уметници од регионот и од светот да создаваат мурали и графити, со што ќе го разубавиме Скопје и ќе му дадеме нов визуелен идентитет, рече Мециновиќ.

Според него, ваквите иницијативи ќе придонесат за поголема активност на младите во културниот живот и ќе го направат градот попривлечен за домашни и странски посетители.

Мециновиќ најави дека во следните десет дена партијата ќе одржува тематски прес-конференции на кои ќе ги претставува дополнителните идеи и мерки за Скопје.

-Нашите активисти се деноноќно на терен. Секојдневно комуницираме со граѓаните и ја артикулираме пораката на најдобар можен начин, рече Мециновиќ.