Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Меџити: Пораката на Рамазан Бајрам е мир и солидарност

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод празникот Рамазан Бајрам упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитки до сите граѓани, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба во секое семејство, се вели во соопштението од Општина Чаир.

Тој истакна дека овој празник доаѓа по еден месец посветеност, жртва и размислување, како момент со посебна духовна и општествена вредност.

„Рамазан Бајрам е повик за зајакнување на вредностите што нè обединуваат – солидарноста, разбирањето и грижата за еден со друг. Нека овој празник биде момент на зближување меѓу луѓето и извор на надеж и добрина за секое семејство,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Реклама

Во својата честитка, градоначалникот Меџити изрази желба овој празник да донесе повеќе хармонија, добрина и единство во општеството, потсетувајќи на значењето на вредностите што нè поврзуваат како заедница.