Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Меља ги посети дежурните служби на институциите од посебен интерес во општина Дебар

Градоначалникот на општина Дебар, Фисник Меља, со свои соработници, во текот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Дебар, Фисник Меља, со свои соработници, во текот на новогодишната ноќ,  ги посети дежурните екипи на институциите од посебен интерес.

Ги посетија и пригодни подароци им донесоа на дежурните екипи во Одделението за внатрешни работи, Општата болница со проширена дејност и Територијалната противпожарна единица.

-По повод дочекот на Новата година, градоначалникот посети  клучни институции кои продолжуваат со работа без прекин и за време на празниците. Им ја честиташе Новата година на сите вработени, изразувајќи благодарност за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност, бидејќи и за време на новогодишната ноќ тие се во служба на граѓаните, информираа од општината.

Реклама

Тој ја истакнал важноста на работата на овие институции за безбедноста, здравјето и благосостојбата на граѓаните, при што високо го оцени придонесот на секој вработен кој ја извршува својата должност со одговорност и посветеност.

Додал дека Општина Дебар останува посветена на континуираната поддршка на овие институции и на зајакнување на соработката со цел обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

-По повод Новата 2026 година, од срце ви посакувам добро здравје, мир, хармонија и благосостојба во вашите семејства. Нека оваа година биде година на надеж, чесна работа и успех за секој од вас, посакал градоначалникот Меља.

Порачал дека Општина Дебар ќе продолжи со посветен ангажман за развој на нашата општина и за постојано унапредување на услугите за граѓаните.