Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Меѓуопштинската соработка – клучен механизам за ефикасна заштита на животната средина и подобри услуги за граѓаните

Меѓуопштинската соработка претставува еден од клучните системски механизми за унапредување на управувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓуопштинската соработка претставува еден од клучните системски механизми за унапредување на управувањето со животната средина и за обезбедување квалитетни, ефикасни и одржливи услуги за граѓаните на локално ниво, било истакнато на консултативниот настан „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, што се одржал денеска во Скопје, во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Владата на Швајцарија.

Како што соопшти МЖСПП, на настанот, што го отворил министерот за локална самоуправа Златко Перински, било потенцирано дека еколошките предизвици – загадувањето на воздухот, управувањето со отпад, заштитата на водите и справувањето со ризиците од поплави – не познаваат административни граници и бараат координиран, регионален и системски пристап. Во таа насока, меѓуопштинската соработка се наметнува како неопходен инструмент за надминување на ограничените финансиски, технички и кадровски капацитети на општините.

-Особено беше нагласено дека во областа на управувањето со отпад, меѓуопштинската соработка веќе претставува законска обврска, преку воспоставување на регионални системи за управување со отпад, современа инфраструктура и регионални депонии согласно европските стандарди. Овој пристап овозможува поефикасно и економски оправдано управување со отпадот, со директни придобивки за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните, стои во соопштението.

Реклама

Во дискусиите било истакнато и дека еден од најголемите предизвици на локално ниво е недоволниот инспекциски капацитет, при што значителен број општини немаат назначено инспектор за животна средина. Во тој контекст, меѓуопштинската соработка отвора можности за формирање заеднички инспекциски служби, спроведување координирани надзори и поефикасно користење на ресурсите.

Настанот отворил и прашања за понатамошно унапредување на правната рамка, со цел појасно дефинирање на областите во кои меѓуопштинската соработка треба  во некои случаи да биде задолжителна, како и воспоставување на поефикасен систем на надзор и координација, вклучително и од страна на ресорните институции.

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, како панелист на настанот истакнала дека меѓуопштинската соработка не треба да се гледа како опција, туку како неопходен систем за управување со современите еколошки предизвици.

-Животната средина не познава административни граници, а затоа и решенијата мора да бидат заеднички. Преку зајакнување на меѓуопштинската соработка создаваме поефикасни системи, ги оптимизираме ресурсите и обезбедуваме реални придобивки за граѓаните. Нашата визија е јасна – функционален, координиран и европски усогласен систем за управување со животната средина, во кој општините ќе делуваат како партнери, а не изолирани единици, истакнала Лашкоска.

Од МЖСПП посочуваат дека Министерството останува посветено на јакнење на институционалната координација и поддршка на локалните самоуправи во воспоставување функционални, одржливи и европски усогласени системи за управување со животната средина, во интерес на подобар квалитет на живот за сите граѓани.