Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Меѓународни конференции за одржлив развој „TSD 2025“ на Универзитетот „Мајка Тереза“

Универзитетот „Мајка Тереза“ -Скопје денеска и утре е домаќин на меѓународните конференции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Мајка Тереза“ -Скопје денеска и утре е домаќин на меѓународните конференции за одржлив развој „TSD 2025“ што годинава се одржуваат по деветти пат, во рамки на организацијата на третиот конгрес на УМТ.

Конференциите се посветени на различни области – економја, екологија, клима, информатика, технологија … и со трудови учествуваат претставници од земјава, Турција, Австрија, Косово, Албанија, Србија и од Босна и Херцеговина.

-Универзитетот „Мајка Тереза“ се вклучува како еден вид катализатор, вклучуваме разни амбасади, невладини организации, истражувачи  за да се адресираат овие теми кои се предизвици на денешницата, а истовремено да бидеме и точка за запознавање и вмрежување на сите чинители за утре можеби и да аплицираат со некој проект, изјави ректорот на УМТ Беким Фетаи.

Реклама

Конференцијата е отворена и за студенти кои, рече ректорот, често имаат многу добри идеи и не знаат како да ги применат и да ги преточат во академски истражуачки труд, а конференциите може да ги поттикнат и за идеи за нивните магистратури и докторати.

Конференцијата се очекува да резултира со заклучоци и препораки и трудовите ќе бидат сублимирани во апстракти кои ќе бидат објавени во стручни списанија и достапни на веб-страницата на УМТ. Тие, рече Фетаи, се споделуваат и со Министерството за образование и наука и со амбасадите кои оваа и во изминатите години се вклучени во конференциите.