Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Меџити за владината реконструкција: За ресорите уште не сме разговарале со премиерот

Копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски уште не разговарале за деталите и за ресорите што ќе бидат опфатени со најавената реконструкција, која се очекува да биде во јуни.

– Со премиерот, со владиниот партнер, само начелно разговаравме и договоривме дека ќе има реконструкција. Но, треба да седнеме да разговараме за принципите, за ресорите и другите прашања. За тоа не сме разговарале досега во детали – рече Меџити по отворањето на затворениот базен во населбата Топанско Поле.

Тој ги повика пратениците Албанци да го поддржуваат законот за правична застапеност, кој е во собраниска процедура. Информира дека функционерите што ќе го прекршат законот, ќе може да се санкционираат и со оставка од политичката функција. Меџити се осврна и на забелешките на Зијадин Села за законот за правична застапеност.

Реклама

 – И јас и г. Села имавме многу можности во минатото, но не донесовме одлука, не донесовме закон за соодветна застапеност. Да седиш настрана и да изразуваш желби е лесно. Кога си Влада, мора да преговараш со владините партнери, да наметнеш решенија. И што е важно, по 25 години, првпат ова прашање ќе биде решено со закон – закон за соодветна застапеност на Албанците во државната и јавната администрација и првпат со ова прашање нема да се занимаваат министерствата и дирекциите, туку Владата, координативното тело, кое ќе го предводи првиот заменик-премиер. По донесувањето на законот, секое службено лице што ќе го прекрши законот нема да ги наруши балансерот и конкурсот, туку ќе го прекрши законот и може дури и да биде санкционирано со оставка од политичка позиција – потенцира Меџити.

За решавање на прашањето со правосудниот испит, Меџити посочи дека таму корекциите што треба да се извршат се мали и не очекува ова прашање да се одолжува.

– По 30 години, се решава проблемот за правосудниот испит. Тие (студентите Албанци) ќе може тоа да го полагаат на албански јазик, како што и студираат, и логично беше и правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, како што ќе се решаваат и други професионални испити. Ги поздравувам студентите. Мислам дека ова е заедничка победа и треба да славиме. Нема потреба за протести. Нема причина и потреба да протестираат. Заедно треба да прославиме за победата дека по 25 години, ќе може правосудниот испит да го полагаат на албански јазик – рече Меџити.