Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Меџити: Линдита Ахмети останува посебен глас на албанската поезија и култура

Во рамките на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, се одржа комеморативен книжевен час посветен на истакнатата поетеса и научничка Линдита Ахмети, по повод две години од нејзината смрт. Преку читање и разговор за нејзината поезија, присутните се потсетија на творештвото, мислата и придонесот на Линдита Ахмети во албанската книжевност и култура, оддавајќи почит […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, се одржа комеморативен книжевен час посветен на истакнатата поетеса и научничка Линдита Ахмети, по повод две години од нејзината смрт.

Преку читање и разговор за нејзината поезија, присутните се потсетија на творештвото, мислата и придонесот на Линдита Ахмети во албанската книжевност и култура, оддавајќи почит на една од најавтентичните поетски личности на современата албанска литература.

-Линдита Ахмети зад себе остави дело што продолжува да живее преку читателите и љубителите на поезијата. Сеќавањето на неа е воедно почит кон творештвото, знаењето и вредностите што таа ѝ ги подари на албанската култура- истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Реклама

Комеморативниот книжевен час беше дел од програмата на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, кој се одржува на плоштадот „Скендербег“ во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“.