Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Меџити: Идните шампиони растат во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити го прими младиот шампион Абдулазиз Азизи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во категоријата У15, оценувајќи го неговиот успех како достигнување што претставува гордост не само за спортот, туку и за целата заедница. За време на средбата, се вели во општинското соопштение, беше истакната важноста од поддршката на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити го прими младиот шампион Абдулазиз Азизи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во категоријата У15, оценувајќи го неговиот успех како достигнување што претставува гордост не само за спортот, туку и за целата заедница.

За време на средбата, се вели во општинското соопштение, беше истакната важноста од поддршката на младите таленти и создавањето подобри услови за развој на спортот како долгорочна инвестиција во иднината на младите.

-Успесите на нашите спортисти покажуваат дека талентот постои, но шампионите се создаваат со работа, посветеност и поддршка. Секоја инвестиција во спортот е инвестиција во генерациите кои утре со гордост ќе ја претставуваат нашата држава на меѓународната сцена – изјавил изјави Меџити.

Реклама

-Општина Чаир останува посветена на унапредувањето на спортската инфраструктура и создавањето нови можности за децата и младите, со цел сѐ повеќе таленти да постигнуваат успеси на национално и меѓународно ниво – се додава во соопштението.