Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Меџити: Четири дена книга, култура и албански јазик во Скопје

Со завршната церемонија одржана на плоштадот „Скендербег“, денеска успешно заврши првото издание на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, настан што четири дена по ред го претвори Скопје во центар на книгата, културата и албанскиот јазик, соошти Општина Чаир. Саемот обедини десетици издавачки куќи, автори, истражувачи и љубители на книгата од Северна Македонија, Косово […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со завршната церемонија одржана на плоштадот „Скендербег“, денеска успешно заврши првото издание на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, настан што четири дена по ред го претвори Скопје во центар на книгата, културата и албанскиот јазик, соошти Општина Чаир.

Саемот обедини десетици издавачки куќи, автори, истражувачи и љубители на книгата од Северна Македонија, Косово и Албанија, носејќи илјадници наслови, книжевни промоции, дискусии и културни содржини кои го збогатија културниот живот на градот.

-Четири дена по ред, Скопје живееше со книгата, културата и албанскиот јазик. Овој саем покажа дека постои голем интерес за книгата и дека културата останува една од најсилните врски што нѐ обединува како општество. Горди сме што ги поставивме темелите на една нова културна традиција, која ќе продолжи да расте и во годините што следуваат, истакна градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Реклама

Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026 беше организиран во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, претставувајќи значаен чекор во промоцијата на културата на читање, албанската книга и создавањето нови простори за знаење и култура.