Собраниската Комисија за финансирање и буџет го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки на натамошна постапка во Собранието.
На Предлогот на закон во второ читање, во рокот утврден со деловникот на Собранието, не биле поднесени амандмани од овластени предлагачи.
На седницата, неколку амандмани предложи претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, што не беа прифатени.

