Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Марковски и Ивановска: Ова е наше време – гласај за независност, стручност и здравје пред профит

Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска ги повикаа граѓаните да излезат на Локалните избори во недела и да гласаат за стручност, професионалност, визија и антикорупција, се наведува во соопштението од „Независни заедно“.

–       Со гласот за 128 за градоначалник на Скопје, гласаме за стручност и деполитизација на градската администрација. Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој ќе гради партнерства со граѓаните, а не со бизнис елитите и урбаната мафија, истакна Марковски.

Време е да објавиме „војна на корупцијата“ во општина Центар. Излезете слободно, независно и гласајте за градоначалничка која ќе управува чесно, одговорно и транспарентно со локалната самоуправа. Гласај за 149 за градоначалник на општина Центар, посочува Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на Центар на „Независни заедно“.

Реклама

Нема силни општини без советите! Јана Белчева Андреевска ги повика скопјани да гласаат за советничката листа на Независни заедно и да го заокружат бројот 35.

–       Советите треба да добијат стручни и независни советници, кои ќе работат во интерес на граѓаните и ќе дискутираат за релевантни теми. Нашата цел е да работиме во интерес на здравјето и јавното добро, а не на профитот, истакна Белчева Андреевска.

Јане Димески, носител на советничка листа за Општина Центар ги повика центарци га гласаат за бројот 39. 

–       Докажавме дека можеме да се бориме во советот на Центар и да имаме вистински партнерски однос со граѓаните, со организациите, со сите локални чинители. Центар повеќе не смее да биде општина која ќе работи во интерес на одредена партија туку целосно да се отвори кон граѓаните, истакна Димески.