Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Маркетите во фокус – или пониски цени или владини мерки

Маркетите мора да ги намалат цените, особено оние на основните прехранбени производи. Ова се очекувањата на премиерот кој денеска има состанок со трговците и дистрибутерите. Вели граѓаните имале трпение додека траеја поскапувањата, а сега е ред на продавачите, да ги спуштат цените надолу. Тој им порача дека доколку не го сторат тоа, Владата ќе преземе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Маркетите мора да ги намалат цените, особено оние на основните прехранбени производи. Ова се очекувањата на премиерот кој денеска има состанок со трговците и дистрибутерите. Вели граѓаните имале трпение додека траеја поскапувањата, а сега е ред на продавачите, да ги спуштат цените надолу. Тој им порача дека доколку не го сторат тоа, Владата ќе преземе соодветни мерки и ќе ги стави на столбот на срамот, односно јавно ќе ги објави имињата на маркетите.

„Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи. Ние, како Влада, имаме механизми да реагираме ако тоа не се случи. Оправдувања и изговори не прифаќам. Доколку не се види реакција од нив во следниве денови, ќе реагираме и тоа на долг рок. Ќе направиме споредба какви се цените во маркетите во некои соседни земји и ако треба некои маркети со име ќе ги објавуваме“, рече Мицкоски.

Очекувањата за поевтинување на основните производи доаѓаат откако за само една недела, а по најавите за примирје на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските берзи се намалија на под 80 долари за барел нафта. Премиерот Мицкоски смета дека цените ќе се стабилизираат отприлика на ова ниво. Нафтените деривати во земјава драстично поевтинуваат од утре.

Реклама

„Таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и троцифрена на ден. Овие танкери додека стигнат до конечните дестинации ќе поминат можеби и еден месец, можеби и повеќе, односно од 25 до 35 дена. Стојам на ставот дека нашите математики се тие, сега треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија. Но очекувам поевтинување на бензините отприлика 2,5 до 3 денари и очекувам околу 7 денари намалување на дизелот по литар. Тоа е она што ние го очекуваме“

Владата смета дека Македонија релативно добро ја поднесе глобалната нафтена криза предизвикана поради застојот на товарниот поморски сообраќај во Ормускиот Теснец. Беа воведени повеќе мерки што значеа помал прилив на пари во државната каса од ДДВ и акцизи. Тоа пак резултираше со најниски цени на горивата во регионот, поради што Македонија се соочи со наплив на граѓани од соседството кои точеа горива во пораничните реони. Во ниту еден момент немаше недостаток на деривати, ниту пак рестрикции за полнење резервоари или пак забрана за извоз.