Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

МАПАС: Членовите на задолжителните пензиски фондови, кои имаат бенифициран стаж, да понесат изјава дали ќе го продолжат членството

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавностa…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавностa дека во согласност со законот членовите на задолжителните пензиски фондови, кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година, од утре, а најдоцна до 20 јануари 2027, година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителниот пензиски фонд. 

– Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јануари 2027 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фондот на ПИОСМ) – појаснуваат од МАПАС.

Членовите што нема да дадат изјава за продолжување на членството остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ), од каде што ќе го остварат правото на пензија.

Реклама

– Истовремено, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС, ја известува јавностa дека лицата што во претходните години доставиле изјава за продолжување на членството, тоа им е продолжено и нема потреба повторно да ја достават истата изјава – се вели во соопштението од МАПАС.