Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

МАНУ со отворени раце ја прифати иницијативата на премиерот Мицкоски да се изработи стратегија за Македонија

МАНУ е подготвена и има капацитет заедно со универзитетските професори, интелектуалците и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МАНУ е подготвена и има капацитет заедно со универзитетските професори, интелектуалците и целата научна фела да изработа заедничка стратегија која треба да го поплочи патот како да се развива Македонија до 2050 година. Највисоката научна институција во Македонија со отворени раце ја прифати и во целост ја поддржува заложбата на претседателот на Владата, Хрстијан Мицкоски да се изработи документ во кој ќе се дефинираат приоритетите за развој на државата во следните 25 година. Претседателот на МАНУ, Живко Попов за Алфа вели дека токму тоа е и основната цел на институцијата што ја води.

  • Секако, Македонската академија на науките и уметности го поздравува и поддржува предлогот на претседателот на Владата, проф.др. Христијан Мицкоски за избработка на заедничка стратегија за развој на државата до 2025 година. Впрочем, тоа е дел од нејзината основна дејност, да изработува стратегии за најважните области по кои треба да се движи државата како што се образованието, науката, економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, земјоделието, енергетикаа, панзискиот систем и друго“ вели претседателот Живко Попов во изјава за Алфа.

Претседателот Попов, наведува дека после подолг период државата им се обраќа за помош што за нив претставува огромна чест и поддршка, како највисока научна и уметничка институција.

  • После подолг временски државата ни се обраќа за помош на ваков начин и тоа за нас претставува голема чест и поддршка, како највисока научна и уметничка институција. МАНУ со своите шест одделенија и осум научноистражувачки центри во соработка со професорите и научниците од универзитетската заедница има капацитет да изработи ваков документ. Секако во соработка со Владата со која претходно ќе бидат определени приоритетните потреби на државата“ вели претседателот Живко Попов во изјава за Алфа.

Премиерот Мицкоски предложи Академијата на науки во Македонија да изработи стратегија со долгорочни цели за развој на државата во следните 25 години, како што тоа е премиер во соседството. Документ кој треба да ги дефинира развојот, демографските предизвици, економските цели, земјоделскиот, технолошкиот, енергетскиот и транспортниот развој. За ова, претседателот на Владата, ќе бара и широк партиски консензус откако ќе бидат дефинирани контурите на проектот.