Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Манчевски бара нова вонредна состојба ако нема договор за избори на 21 јуни

Ако нема договор за избори, тогаш ќе има нова вонредна состојба. Потпретседателот…

Сподели:

Ако нема договор за избори, тогаш ќе има нова вонредна состојба. Потпретседателот на сдсм дамјан манчевски се закани дека доколку партиите не се договорат до 30 мај за термин кога би се одело на гласање, тогаш треба да се продолжи вонредната состојба.

“Јасно е, ако до 30 мај нема договор за избори, ние ќе мораме да ја продолжиме вонредната состојба. Имаме секој ден нови заразени, тоа е факт, но далеку сме од претходните недели. Граѓаните не може да се водат од интересите на една партија. Затоа имаме прилика да се договориме кога ќе имаме избори”, изјави Манчевски за “Детектор”

Опцијата на Манчевски создава забуна. Ако е доволно безбедно да се оди на избори, кои според него треба да се одржат претпоседната недела на Јуни, зошто би се продолжувала вонредната состојба? Тој објаснува дека таа би се продолжила да не се создаде правен вакум во однос на изборите. Тој признава дека секој ден имало новозаразени од корона вирус, но сликата била далеку подобра од порано. Социјалдемократите се држат до ставот дека изборните дејствија треба да продолжат уште 22 дена иако ДИК истакна дека за таков рок не може да спроведе избори.

Реклама

И лидерот на СДСМ Заев во интервју за мкд. мк вели дека за изборите треба да се постигне консензус за првиот термин кога ризикот за ширење на заразата ќе биде сведен на минимум. Објаснува дека ќе направат се опозицијата да учествува на изборите и дека се подготвени за компромис. Иако ги отфрла Август или Септември како можни термини.

“Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, всушност се предлог воопшто да нема избори. Не постои ниту здравствен, ниту политички авторитет што може да тврди и да гарантира дека тогаш ќе нема ниту еден заболен случај. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза”, вели Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека ваквите изјави на Заев се потценувачки и го повикуваат да објасни кога и каде СЗО изнела став дека во Август е можен нов бран на корона вирусот.

Градимир Марковски