Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манасиевски: За да остане на фотелјата, Филипче избра СДСМ да биде прокси-партија по насока на Заев и Башановиќ

За да остане на фотелјата, Филипче избра СДСМ да биде прокси-партија по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да остане на фотелјата, Филипче избра СДСМ да биде прокси-партија по насока на Заев и Башановиќ. Чуварот на фотелјата на Заев, Венко Филипче, ја фрла СДСМ во бунар без дно слушајќи ги советите на екссоветникот на Заев во владата, Башановиќ, и неговиот партнер Шчекиќ, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Молкот за средбите на Филипче во Ниш и во Грција со Башановиќ и Шчекиќ е чист доказ дека Заев му ги средува и ден-денес работите, само за да му ја чува фотелјата, и тој да управува со него.

Без двоумење, Филипче, за да си ја спаси својата политичка кариера каква-таква, безусловно ги слуша наредбите на Башановиќ и Шчекиќ и ги презентира во јавноста.

Реклама

Лажни вести, манипулации и клевети се трите основни постулати на кои се води ПР-тимот на СДСМ предводен од Башановиќ.

Од некогаш големиот СДСМ, Заев со Ковачевски и Филипче, со нивните лоши политики, успеа партијата да ја тоне, без да може некој да ја спаси.