Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Манасиевски: Со 2% доверба и највисоки плати во регионот, време е правосудството да си ги засука ракавите

Во период кога правосудниот систем ужива доверба од само 2%, дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во период кога правосудниот систем ужива доверба од само 2%, дел од судството и обвинителството повторно го става фокусот на зголемување на платите, наместо на клучните сегменти како ефикасност, независност и брзо решавање на судските предмети. Иако располагаат со значителни примања, јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на застојот на предмети или пак поголема отчетност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференција на Валентин Манасиевски.

Ги прашуваме овие поединци кои се гласни за поголеми плати, а не за извршување на обврските, зошто вака бурно не реагираат кога предметите стојат по фиоки со години? Зошто нема револт кога граѓаните со право бараат правда и одговорност? Секогаш кога се бара резултат, одредени лица се кријат зад оправдувања за наводни притисоци, наместо да покажат професионална посветеност. За нештата да бидат појасни, Македонија издвојува 0,39% од БДП што е едно од највисоките во регионот и Европа.

А сега кога говориме за кадарот, Германија има околу 25 судии и 8 обвинители на 100.000 жители, додека Македонија има 22 судии и 9 обвинители. Но клучната разлика е во ефикасноста. Германските судии завршуваат околу 800 предмети годишно, додека пак македонските само од 170 до 200 предмети. Притоа, македонските судии и обвинители земаат од 2,3 до 3,2

Реклама

Граѓаните не треба да чекаат 5 до 10 години за правосудна разрешница. Наместо приоритет да бидат личните привилегии, приоритетот мора да биде правдата, ефикасното судење и независноста. Очекуваме од судството и обвинителството да си ги засукаат ракавите и да ја исполнат својата обврска кон граѓаните.