Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје

Скопјани на 2 ноември ќе изберат пред се човек, а потоа и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани на 2 ноември ќе изберат пред се човек, а потоа и градоначалник, човек кој знае како да работи за граѓаните. Со Орце Ѓорѓиевски и мнозинството во Советот, ќе ги поставиме темелите на промените што му се потребни на главниот град, стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката што ја добивме од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест и уште поголема обврска. Таа доверба покажува дека граѓаните препознаваат резултати, кои Орце Ѓорѓиевски ги покажа на локално ниво во Кисела Вода, како и на државно ниво каде Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци значително помогна во развојот на општините.

Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, координација и побрзо реализирање на ветените проекти, нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и поефикасен јавен превоз.

Реклама

Од друга страна, петтата партија во Скопје со околу 26.000 гласови, или 3,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, доживеа сериозен пад и покажа дека нема доверба кај граѓаните. Наместо да понудат аргументирана критика или пак решенија на проблемите, тие продолжуваат по истата погрешна насока. Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, а нашите ветувања се реални и остварливи. Затоа, почитувани граѓани,

На 2 ноември, изборот е едноставен, а тоа е вистинскиот избор, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.