Нереформираната СДСM на чело со чуварот на фотелјата на Зоран Заев, Венко Филипче, во раководството го внесе и синот на нивниот идеолог, а тоа е Јон Фрчковски. Во раководството на СДСM има се – од криминалци, коруптивни лица, лажговци, манипулатори, неуспеани луѓе и секако луѓе кои користат наркотици, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски.
Се сеќаваме пред само неколку месеци, излегоа фотографии во јавноста од Фрчковски на кои се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место.
Од СДСM само молк, ниту оградување, ниту дистанцирање, мали Фрчко демек си даде оставка, ама Филипче демек не му ја разгледува, и по се изгледа имаат синдром сличен на судството – чуваат предмети по фиоки.

И по неколку месеци, наместо надвор од политиката, тој е во раководството на СДСM. Но, останаа неодговорени прашањата поврзани со сликата на Фрчковски, каде ја користел дрогата, односно ако е на работно место во државна институција, зошто ЈО не постапи до сега со предмет? Од каде му е дрогата и дали можеби тој препродавал? Дали само децата и внуците на црвената буржоазија и транзициските функционери се привилегиран слој во општеството, па Јон Фрчковски има дискреционо право?
СДСM на народот му должи извинување, а не да ги наградува истите луѓе кои ја злоупотребуваат добиената функција.
Реформи во СДСM се повеќе од потребни.
