Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Манасиевски: СДСМ да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

Почитувани, СДСМ да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, СДСМ да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

Контроверзната српска личност со име и презиме Зоран Башановиќ, советник во владата на Зоран Заев, а сега шеф на ПР тимот на СДСМ, според јавно достапни информации бил човекот кој ги споил Зоран Заев и тогашниот премиер на Грција, Ципрас за Македонија да го промени уставното име?

Дали истиот овој човек кој денес преку СДСМ и Филипче плука по сите, бил одговорен за зделки во делот на енергетиката во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац “Зобек мининг гроуп” добила најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“ која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен била токму од Грција?

Реклама

Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Денес продолжуваат да го водат СДСМ, и да го омаловажуваат, дискриминираат и навредуваат македонскиот народ.

Ова е уште еден доказ дека Филипче е само обичен чувар на фотелјата на Заев, и е користен од Башановиќ да го напаѓа Вучич.

И за крај, дали е вистина дека Башановиќ се враќа да соработува со СДСМ затоа што Заев му исплатил стари долгови? СДСМ е на потег да одговори.