Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манасиевски: По толку големи реформи во СДСМ, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

Филипче по големите реформи што ги направи во СДСМ, отиде да одмори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче по големите реформи што ги направи во СДСМ, отиде да одмори за празниците токму во Дубаи кај Заев или пак во неговиот стан за кој јавноста не доби одговор, дали е негов или не, стои во соопштението oд прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Големиот предводник на опозицијата, толку се умори од лагите и манипулациите што ги искажа во јавноста, да мора да одмори не било каде, туку дома во Дубаи.

Сепак доктор Филипче, се уште молчи и не дава одговор за потеклото на златната виза, за која веќе сите ги знаат условите како може да се добие. Минимум инвестиција или недвижност од 500.000 долари или пак бизнис во Дубаи.

Реклама

Дополнително доктор Филипче, не ги покажа ниту документите за кој тој рече дека ја добил златната виза, поради работен ангажман во болница во Дубаи. Доколку ги има не би му било проблем да ги покаже. Впрочем, може и сега да ги побара во Дубаи можеби и таму му останале.

Јавноста заслужува одговори за потеклото на златната виза на Филипче, со оглед на тоа дека тој не бил како што СДСМ кажа градежник, туку доктор. А со докторска или пак пратеничка плата, Филипче не би стигнал за 20 години кариера до таа сума на пари, односно минимум 500.000 долари. Затоа Венко треба да одговори како дошол до недвижност или инвестиции во Дубаи? Дали тендерите и анексите кои ги говоревме на прес-конференции за предмети кои ЈО Коцевски му ги чуваше во фиоки, му овозможиле на Филипче токму ваков луксуз?

Впрочем, сите теми кои СДСМ ги пласира во јавноста, кои секако се лажни, се вистинскиот дефокус од криминалот на поранешни функционери на СДСМ.

Затоа, го повикуваме ЈО да постапи и да истражи како Филипче стигнал до златна виза за Дубаи, а како Зоран Заев до градба на 42катница во Дубаи.