Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Манасиевски: Пионот на Радев, Венко Филипче, призна дека СДСM има исти позиции со Бугарија и дека нема проблем да бидеме „Северномакедонци’’

Пионот на Радев, Венко Филипче, призна дека СДСM има исти позиции со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пионот на Радев, Венко Филипче, призна дека СДСM има исти позиции со Бугарија. Пионот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани Северномакедонци. Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти, кои нè нарекуваат „Северномакедонци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче е главниот лобист на Бугарија во Македонија за внесување на Бугарите во Уставот, а потоа и за менување на идентитетот, јазикот, културата и историјата.

И кога мислевме дека не може подолу, Филипче повторно вели – зошто да не ги внесеме Бугарите во Уставот кога тоа не е никаков ризик ниту, пак, го загрозува нашиот идентитет. Сето ова додека бугарската министерка Петрова-Чамова вели дека сме „Северномакедонци’’.

Реклама

Филипче и натаму останува единствениот политичар во Македонија кој е најгласен за уставните измени. Филипче треба да одговори, а не да молчи, со што е уценет од група бугарски политичари за да води ваква антидржавна политика?