Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Манасиевски: Од левичарска и работничка партија како што се претставуваа, Апасиев ја претвори Левица во елитистичка партија која гази врз народот

Од левичарска и работничка партија како што се претставуваа, Апасиев ја претвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од левичарска и работничка партија како што се претставуваа, Апасиев ја претвори Левица во елитистичка партија која гази врз народот, изјави денеска на прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Лажната скромност и неподмитливост на Апасиев и Левица излезе на површина.

Апасиев и Левица пред само некој месец купија конфискуван недвижен имот, кој во реалноста чини 3 до 4 пати поскапо, преку договор со извршител и банка.

Реклама

Апасиев и Левица тогаш демантираа и велеа дека таков простор немаат купено, ниту пак дека бил евтин, за на крај, нашата теза дека тие купиле конкретно таков имот, испадне вистинита.

На една од седниците на ЦК на Левица, Апасиев вели, цитирам: „Недвижноста има 4 нивоа. -2 го планираме за Ред Каст и студио, како еден вид прес центар и студио, -1 има конгресна сала, 0 спрат за кафич кој претежно ќе бидат ангажирани дечки од Центар за Внатрепартиска Безбедност. А на спратот би биле редакциите на Антропол и на Ленка.’’, затворен цитат.

Подолу во исиот овој записник, Апасиев додава:„Условите се повеќе од задоволителни, нас во просек за овие квадрати ни испаѓа по 900 евра по квадрат. Од 280 илјади евра, на 250 илјади евра плус ДДВ’’, ова го кажува Апасиев на седницата на ЦК на партијата.

Апасиев и Левица сè се, само не се неподмитливи. Тие се луѓе кои денес говорат едно, а утре друго. Тие се луѓе кои немаат став, визија и програма. Тие се луѓе кои си ги користат сопствените членови и граѓаните, па потоа истите ги молат за донации, за на крај тие пари да завршат токму во џебовите на президиумот на Левица.

До кога Апасиев и Левица, ќе се претставуваат како скромни и неподмитливи пред граѓаните, а од друга страна ќе купуваат објекти во центарот на градот, за 3-4 пати поевтино во директен договор со извршители? До кога Апасиев и Левица ќе земаат патни трошоци од сопствената партија, а ќе ги напаѓаат останатите останатите пратеници на кои Законот им го гарантира тоа право?

Апасиев и Левица се демаскирани.