Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Манасиевски: Неодговорното однесување на Трендафилов излезе на виделина, политичкиот театар нарачан од СДСM и Левица излезе на површина

Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена, истакнува на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова почитувани граѓани се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ, стојат СДСM и Левица. Ова не е ништо повеќе од обичен театар наменет за јавноста, во која жртвата е Слободан Трендафилов а виновникот власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На Трендафилов никогаш не му ни било до зголемување на платите, туку до наштетување на моменталната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и водење политика иста со онаа која ја води СДСM и Левица. Се поставува прашањето, дали барањата на Трендафилов и ССМ, ги пишуваат СДСM и Левица.

Реклама

Трендафилов ниту еднаш не кажа ништо за зголемувањето на платите и новите колективни договори во образованието, здравството, полицијата, одбраната, социјалата и другите сектори. Но, за волја на вистината не кажа ништо и кога инфлацијата беше двоцифрено во времето на СДСM и на ДУИ, не кажа ништо за ценовните шокови, не кажа ништо за зголемувањето на сметките за струја за над 50% и молчеше кога платите во неколку институции во државата доцнеа со месеци. 

Да потсетиме и дека се потпишувале разни колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Или во превод, СДСM и ССМ си потпишувале договори, без да имаат претходно одобрено средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор.

Ова лицемерие на Трендафилов и ССМ покажува дека соработуваат со СДСM и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати.