Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова именување е уште една потврда дека Заев и натаму ги држи конците во СДСМ и ја води партијата од сенка. Филипче со ова покажува дека не му е важен напредокот на СДСМ. Тој избира кандидат кој ги загуби локалните избори, но истовремено е близок до него и до неговиот ментор Заев.

Јавноста добро ги памети нивните летувања на скапите грчки плажи, уживајќи во ултра луксузната јахта на Заев. Со ова, се докажува дека ова трио не го интересира народот, туку луксузот. СДСМ со истите луѓе како Заев, Ковачевски и Филипче, продолжува да тоне во бездната. И наместо да се реформира и да се освежи, тие ставаат повторно кадри кои се продолжеток на Зоран Заев.

Реклама

Реформите во СДСМ ќе дојдат само доколку Филипче си замине од партијата.

Манасиевски: Ако во правосудството проблемот е до платите, премиерот најави дека ќе има зголемување, но мора да има одговорност за секој потрошен денар

Прашање: Како го коментирате ставот на претставниците од правосудството?

Одговор: Чест на исклучоци, но добар дел од судството и обвинителството ги интересира само зголемување на платите. Зошто толку бурно не реагираат на тоа што не одговараат на задачите кои ги имаат?

Или пак зошто вака не реагираат за оние пријави што им стојат во фиока и со години  не решаваат по истите? Ако  проблемот е до платите, претседателот на Владата, Мицкоски најави дека ќе има зголемување во ставката за судиите и обвинителите во буџетот, и секако дека тие независно ќе си ги раководат парите.

Но да напоменеме, мора да има одговорност за секој потрошен денар. Исто така, ако продолжат по истиот овој терк и граѓаните чекаат 5 можеби и некогаш 10 години за решавање на некаков случај во судството, ние не сме ја постигнале целта. Така да мораат да си ги засукаат ракавите и ја имаат поддршката од народот за истото.