Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Манасиевски: Лошиот рејтинг на СДСМ и Филипче благодарение на ПР-от на Башановиќ не го допира Филипче, тој слуша насоки од Заев

Лошиот рејтинг на СДСМ од 4,9 % и 3,6 % на Филипче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лошиот рејтинг на СДСМ од 4,9 % и 3,6 % на Филипче, поради новиот ПР-шеф на СДСМ, Зоран Башановиќ, не го допира Филипче бидејќи тој живее во свој паралелен универзум, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-коференцијата на Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на партијата.

СДСМ и Филипче со месеци ги лажеа граѓаните дека новите анкети ќе покажат пад на довербата на граѓаните кон ВМРО-ДПМНЕ, а таа доверба кон СДСМ ќе се зголемела. И ова секојдневно го повторуваа со месеци на прес-конференции.

Но, со последната анкета, која излезе во јавноста, повеќе од јасно е дека СДСМ на следните избори ќе се соочи со многу лош резултат, односно не би не изненадило доколку освојат помалку од 100.000 гласови.

Реклама

На „Бихаќска“ никако да им дојде памет дека треба да ги променат политиките и да ги променат новите ПР-шефови Башановиќ и Шчекиќ, луѓе кои поради насока на Заев се таму и го уништуваат СДСМ. Венко Филипче, поради послушност кон Зоран Заев, ова и го дозволува.

Дека Филипче е сè уште послушник кон Заев и неговите луѓе се дел од таканаречените нови структури на СДСМ, е поставувањето на Стојан Коциров за директор на фирмата „Сара инженеринг“ ДОО Струмица, која важи за блиска фирма на семејството Заеви, односно Вице Заев до пред само некоја година ја водеше оваа фирма.

Сè додека Венко Филипче го води СДСМ, а партијата и натаму не се оградува од Заев, СДСМ нема да може да се реформира и ќе продолжи да тоне.

ВМРО-ДПМНЕ останува партија со најголема доверба кај граѓаните со 24 проценти. Продолжуваме со исто темпо на работа, нови проекти и успешни мерки за граѓаните.