Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манасиевски: Изјавата на Рубин Земон е показател за пристапот на СДСM кон македонските национални интереси под раководство на Филипче

Желбата на СДСM да дојдат на власт е толку голема, до степен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Желбата на СДСM да дојдат на власт е толку голема, до степен да негираат се што е македонско, да прифаќаат услови од земји кои што ја ветоизираат Македонија и и го попречуваат патот кон ЕУ. Членот на Извршниот одбор на СДСM, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ниедна битка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-коференцијата на Валентин Манасиевски. 

Рубин Земон е инаку поранешен функционер од редовите на СДСM, кој очигледно според оваа изјава само потврдува дека во СДСM постои континуитет на вакви ставови.

За нив ништо не значат македонскиот идентитет, јазикот, како и македонските национални интереси, туку тие само се теми за политичко пазарење.

Реклама

Не им пречи тоа што, доколку би се спровеле уставните измени, нема гаранција за Македонија дека тоа ќе биде последната пречка на патот кон ЕУ.

Напротив, Филипче вели дека уште веднаш е подготвен да потпише и во највискиот орган на СДСM, поставува луѓе кои се подготвени да ја релативизираат македонската историја, и испраќа пораки на подготвеност за отстапки кои допираат до самите темели на државноста.

Рубин Земон, е само уште еден доказ дека за Филипче не постои никаква црвена линија.