Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Манасиевски: Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во земјава

Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДСМ со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.

На фотографијата зад мене, го гледаме Рубин Земон, членот на ИО на Филипче, кој вчеравечер и си поднесе оставка од истата функција, кој јасно на бугарски поткаст велеше дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија. Рубин Земон на фотографијата е на средба со Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија’’. Станува збор за оспорена невладина организација којашто функционира во Македонија. Фондацијата има за цел ширење на бугарска пропаганда во Македонија, а е позната по ксенофобски испади, и гледишта дека македонскиот народ и македонската историја се под бугарска историографија. Или во кратки црти, оваа фондација и нејзиниот претседател велат дека Македонија и Бугарија се еден народ во две држави, како што и велеше врховниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Оваа коалиција на Венко Филипче и Рубин Земон, односно на СДСМ со бугарски организации е спремна да го негира македонскиот идентитет, да го оспори нашиот македонски јазик, да ја избрише македонската историја и да ја уништи македонската култура.

Реклама

Ете, со овие луѓе соработува или коалицира уценетиот Венко Филипче и неговата СДСМ.

Дознаваме од свиркачи, дека видни членови на СДСМ виделе дека работата е отидена предалеку и дека преку ова не смее да се помине, па му било сугерирано на Филипче да го тргне Рубин Земон од ИО за да не му штети на СДСМ, а да продолжи во неговата работа, која веќе е потврдена и во јавноста со оваа фотографија позади мене.

Како тргнал Филипче ќе остане сам со кланот Заеви.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните нема да дозволи да се случи повторно предавство на македонските национални интереси. Доста е со понижувања, потклекнувања и потчинувања. Време е Македонија да биде горда, исправена и достоинствена.