Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Манасиевски: Филипче преку Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски.

Филипче е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата.

Филипче е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави.

Реклама

Филипче е соработник со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата.  

Филипче е директен соработник на Бугарија во Македонија, преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова.

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ.

Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера.