Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДСМ, како да не беа до пред 2 години власт

Почитувани. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДСМ, како да не беа до пред 2 години на власт. Башановиќ очигледно не знае дека СДСM до пред околу 2 години, 7 години беа на власт. Од тие 7 години власт, Филипче беше 5 години министер. По што остана запаметен сите знаеме.

ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ му смислиле празен концепт за програма на Филипче, а тој без никаков срам, легитимитет и кредибилитет ја презентира новата програма на СДСM. Една од мерките во програмата без суштина во СДСM се вика – скратена работна недела.

Башановиќ, Шчекиќ и Филипче, веројатно по насока на Заев ја спремиле мерката за скратена работна недела, по принципот на Зоран Заев, бидејќи тој како премиер во недела не работеше. И сабота не работеше. И петок. Додуша тој цела недела не работеше како премиер.

Реклама

Впрочем, ова и не е нова мерка на Филипче и СДСM, затоа што тие така работеа кога беа на власт. Почитувани колеги од СДСM. На Македонија после вашето уништување на државата и треба работа, труд и посветеност. И треба тоа што се случува денес. Реформи, проекти и мерки за граѓаните. А не празни флоскули и демагогии од ваша страна. Затоа сите почнаа да бегаат од вас, а останаа само лојалистите на Заев.