Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи, изјави денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.

Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи.

Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.

Реклама

Но, Филипче не покажува документи – поради тоа што ги нема.

Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој рече дека ја видел 42катницата изградена од Заев, истакна и дека ги видел и становите на Филипче и Заев во Дубаи.

Венко Филипче не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза. Инаку, да потсетиме дека за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да имате минимум инвестиција од 500.000 долари.

Затоа, Филипче треба  да одговори, а не да молчи, дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари? На кој начин ги има тој заработено овие пари, бидејќи со плата од доктор и пратеник не се стигнува до таа сума?

Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото.