Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова?

Филипче е најголем промотор на бугарските позиции во Скопје. Филипче и СДСM,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче е најголем промотор на бугарските позиции во Скопје. Филипче и СДСM, ден денес имаат ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени токму од Румен Радев. Филипче и СДСM имаат ист став со бугарските власти дека ние сме „северномакедонци’’, дека Гоце Делчев е Бугарин, но кога ќе се дојде до темата уставни измени, тука Бугарија вели јасно и гласно дека тоа не е последниот чекор на Македонија кој треба да го испорача за да стане дел од европското семејство, додека уценетиот Филипче од негови познати причини ги лаже граѓаните дека ова е последниот чекор и дека утре дента ќе станеме дел од ЕУ, стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДСM кои немаат никаква визија, програма и концепт за тоа како треба да се води партија, а камо ли држава, одат со главата во ѕид и се ставаат на услуга на бугарските власти мислејќи дека со удоволување на нивните барања ќе дојдат на власт.

Наместо да повикува Филипче на обединување за промена на Устав со цел внесување на Бугарите, може еднаш барем да застане на страната на Македонија, на македонската страна и да се приклучи на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на македонските интереси.

Реклама

Интересно е што оваа теза за поврзаност на Филипче со бугарските власти, се потврдува откако јасно говоревме дека чуварот на фотелјата на Заев, Венко Филипче е директно уценет од страна на бугарски политичари за да ги шири и спроведува нивните политики во Македонија.

Филипче должи одговор, дали е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори отворено бугарската министерка Петрова Чамова?

Доколку Венко Филипче го избегне ова директно прашање и не одговори, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ повторно е во право за неговите соработувања со бугарските власти.