Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Вучич и екс советник на Заев, го води ПР-от на СДСM и Филипче – затоа се опседнати со Србија

Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев во владата, го води ПР-от на СДСM и Филипче – затоа се опседнати со Србија,  рече на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Станува збор за контроверзна личност, како и матна личност во областа на енергетиката. Зоран Башановиќ е кум на претседателот на Србија, Александар Вучич, со кој не се во најдобри односи, па оттаму, Башановиќ преку Зоран Заев, Венко Филипче и СДСM го напаѓа СНС од Србија, како и претседателот Александар Вучич.

Имено, Зоран Башановиќ е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на кумството со Александар Вучич.

Реклама

Исто така, Зоран Башановиќ е и куќен пријател на Зоран Заев во Грција. Човек кој му беше специјален советник во владата и земаше над 1.500 евра плата во тоа време. Но, како велат – сличните луѓе си се наоѓаат едни со други.

Зоран Башановиќ, заедно со ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ, се лицата кои го навредуваат и омаловажуваат македонскиот народ.

Сето ова се случува по насока на Заев, а Филипче и СДСM говорат се што овие ќе им напишат.

Затоа повеќе не сме вчудоневидени од соопштенијата и прес-конференциите на СДСM и Филипче во кои ги напаѓаат претседателот Вучич и владата во Србија.

Почитувани граѓани,

Башановиќ и Шчекиќ, од скопски хотел диригираат директно на Бихачка. Овие двајца се изворот на сите лаги, манипулации и невистини кои доаѓаат од СДСM и Филипче.

Манасиевски: Порака до СДСM, Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДСM, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат


Прашање: Од СДСM денес повторно го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад директорот на државниот инспекторат за земјоделие, кој беше осомничен дека земал мито од 50.000 евра и за тоа беше и уапсен?

Одговор: Благодарам на прашањето. СДСM се однесува како мало дете на кое ќе му дадат колач и така се радува, исто така тие се радуваат и им е многу убаво на душата кога ќе се случи некаков криминал или корупција, а уште па ако личноста на некаков начин се поврзе со ВМРО-ДПМНЕ, тоа за нив е полн погодок.

Кога нивни лица се апсеа и се приведуваа за кои има основани сомнение дека сториле криминал, еве на пример Артан Груби, ние од СДСM не слушнавме ниту дистанцирање ниту оградување, туку само бранење на криминалот кој тие директно или индиректно го овозможувале. За него не слушнавме вака гласно да говорат.

Исто така, да ве потсетам, претседател на СДСM и премиер на држава беше аболициран криминалец. Човек кој земаше едно евро за брат му и едно евро за црквата, за кои има снимки на интернет, и тоа може да се види. СДСM за овој човек ниту се дистанцираше ниту се оградуваше, туку истиот стана претседател на партија, и стана премиер на држава. За него не слушнавме исто така вака гласно да говорат и да бараат правда.

Дополнително, човекот кој сега им е претседател на партијата, има директни показатели и докази, дека поради негов пропуст додека бил министер за здравство, се случи пожарот во модуларната болница во Тетово во кој живи беа запалени 14 наши сограѓани. И за него не слушнавме вака да бараат правда и да бараат од надлежните институции да постапат по овој случај, и за него не беа вака гласни, а сега се гласни, и го ставија дури претседател на партијата да им биде.

И уште еднаш би сакал да го повториме нашиот став, кој е јасен, концизен и недвосмислен а тоа е, секој кој се огрешил спрема законот, без разлика дали е од СДСM, ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидеме еднакви пред законот и со законот нема играње.