Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Малолетно лице најавило можно самоубиство преку социјалните мрежи – МВР навреме спречило евентуална трагедија

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, била детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник.

Веднаш по добиените сознанија, се вели во известувањето од Секторот, били постапено итно и координирано, при што биле преземени сите неопходни мерки и активности за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко време корисникот бил пронајден, извршен е разговор и констатирано е дека лицето е безбедно и во добра состојба. За настанот се известени и родителите, кои се запознаени со целокупната состојба и понатамошните чекори.

Во соопштението на МВР, понатаму се вели:

Реклама

„Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Апелираме до родителите да одржуваат редовна и отворена комуникација со своите деца, да покажуваат интерес за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат навремено при забележување повлеченост, вознемиреност, заканувачки или загрижувачки објави и други несвојствени однесувања.

Воедно, упатуваме апел и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави со содржина што упатува на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на самата платформа, а доколку им е познат идентитетот на лицето, да известат родител, старател, наставник, друго возрасно лице или најблиската полициска станица.

Навремената реакција може да спаси човечки живот. Заедничката одговорност, вниманието и грижата се клучни во спречувањето на трагедии. Секторот за компјутерски криминал останува посветен на заштитата на граѓаните во дигиталниот простор и ќе продолжи со засилени активности во насока на рано откривање и превенција на ризични појави.“