Во СВР Скопје вчера околу 22:30 часот е пријавено дека во паркот во Капиштец во Скопје, малолетно лице фрлило пиротехничко средство, по што настанал пожар.
Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Од МВР информираат дека СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

