Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Малку ли изгоревме, па сега некој повторно да потпалува: Обид на „шарените“ да ја злоупотребат тагата и гневот на граѓаните

Обид за политизација на големата трагедија во Кочани. Додека семејствата тагуваат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обид за политизација на големата трагедија во Кочани. Додека семејствата тагуваат за смртта на 59-те свои најмили, а во државата има седумдневна жалост, одредени невладини организиции, кои важат за блиски до опозицијата, која до пред само неколку месеци беше власт, повикуваат на протести. Една од тие невладини е Цивил МК на Џабир Дерала, кој важи за еден од најблиските до опозициската СДСМ.

Според познавачите вакво нешто е најмалку потребно во овие моменти на тага во државата. Новинарот Дарко Јаневски, вели ова е очекувано сценарио од страна на тие гарнитури, слично како што спровеле и со Шарената револуција.

-Они имаат меѓутоа еден проблем, не постои сценарио за уривање на оваа Влада, како што постоеше сценарио за уривање на Груевски за да се промени името и за да се инсталира Заев. Од нив треба да се очекува, нека продолжат нека прават што сакаат, меѓутоа нема да имаат успех овој пат како што тоа беше во 2015-та, 2016-та, изјави Јаневски за Алфа

Реклама

Писателката и универзитетски професор Мимоза Рајл, смета дека овие моменти треба да достојно да се испратат трагично загинатите, а не да се организираат протести.

-Профитери од трагедија! Моралисти, ама оние од драмите на Чехов кои сé претставуваа дека се совршени, а внатре себе беа најголемите злостори! Да се вратиме на разумот! Да ги испратиме децата достоинствено со тивка, заедничка, колективна молитва и да го замолиме Бога сите заедно да влезат во Царството небесно, напиша Рајл.

Според активистот Роберт Милески на протести сега повикуваат оние кои со децении доведувале до тоа државата да го допре дното.

-Овие паразити што 35 години учествуваа во систематско уништување на македонската држава повторно се будат. Наместо да ја оставаат нацијата да тагува, наместо да ги остават младите самите да одлучуваат, нивните гнасни паразитски умови и во оваа трагедија наоѓаат начин како да бидат главни јавачи на апокалипсата!, напиша Милески.

Иако опозициската СДСМ официјално не повика на никакви протести, новинарката Јорданка Ивановска Јоци смета дека сепак структури од таму сакаат да развијат такво сценарио.

-Не се ни погребани децата, а веќе структури на ,,дубаи кланот” фрлаат кеш на сите страни за ,,палење огнови” низ цела држава за ескалација со насилни демонстрации и дестабилизација. И прелевање на ,,српското сценарио” и кај нас…Веќе еднаш се случи, со ,,студентските протести” во 2015 и ,, шарената” во 2016. Потоа знаеме кој дојде на власт и каква правда донесе – почна со Пајакот, продолжи со Беса, Ласкарци. Дурмо и Модуларна, напиша Ивановска.

Надлежните најавија дека ќе се спроведе темелна истрага со цел да се откријат сите кои директно или индиректно се одговорни за оваа голема трагедија. Порачуваат дека одговорност ќе има за секој инволвиран во овој случај. Според Јаневски токму тоа е она што мора да го направи институциите.

-Да се преора се во врска со овој случај, не само во овој случај, овој случај треба да биде поттик да се расчисти со севкупниот криминал во оваа држава кој што е сторен во изминатиот период. Овој пат или ќе се успее или нема да не биде, вели Јаневски.

Инаку, протестот во Скопје го организира здружението на граѓани „Кој е следен“. Од фејсбук групата насловена Кочани повикаа да не се политизира оваа трагедија. Велат „Не ти требаат вашите политички пресови, ниту обвинувања меѓу вас. Не сакаме ни опозиција, ни власт  да ја користат оваа трагедија за политички поени. Овој пат од вас бараме нешто друго, сплотете се, обдинете се, еднаш за секогаш“.

Матеја Петровски