Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Економија

Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање

Владите на Македонија и Словачка стојат цврсто зад соработката на компаниите, ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владите на Македонија и Словачка стојат цврсто зад соработката на компаниите, ги разгледуваат можностите за интензивирање на деловните партнерства и за размена на искуства и експертизи, а денеска, во рамки на Бизнис форумот во Скопје, потпишаа и Меморандум за разбирање.

Како што беше речено на Форумот, има голем потенцијал што треба да се искористи, а енергетиката, ИКТ, автомобилската инсутрија, здравството и туризмот се само некои од секторите во кои може да се зголеми соработката.  

– Веќе имаме одредена трговска размена во автомобилската индустрија и кај одредени хемиски производи, но сметаме дека во енергетиката, ИКТ и во автомобилската инсутрија има нови потенцијали. Сакаме да видиме и кои се извозните капацитети и на едната и на другата страна зашто ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции, туку и на зголемување на извозните потенцијали, посебно кај индустрии со висока додадена вредност, како македонското вино кое силно го промовираме, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Форумот.

Реклама

Тој информира дека државата подолг период работела на договарање делегација од Словачка да дојде во земјава, заедно со претставници од деловната заедница кои ќе можат да остварат директен контакт со македонските компании и стопански комори.

Според министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, претприемачите се движечка сила на економскиот раст, носители на иновации и мост меѓу државите, луѓе со визија, храброст и желба за соработка и постигнување резултати.

Како што напомена Каменицки, денешниот Форум е платформа на која се среќаваат идеи, искуства и иновации.

– Ова е сигнал дека сите имаме желба за интензивирање на соработката и засилување на досегашното партнерство. Ги охрабрувам сите учесници да ја искористат платформата за размена на идеи и идна соработка. Верувам дека денесака почнуваме успешна приказна преку заедничка поддршка, помош и соработка, потенцира министерот.

Како потенцијални сфери за соработка тој ги спомна ИКТ индустријата, инфраструктурата, енергетиката, здравството, туризмот и земјоделството. Тука, рече, Словачка може да понуди експертиза, посебно во делот на новите технологии и автоматизираните процеси за производство за остварување поголемата додадена вредност и продуктвиност, како и минимизирање на отпадот.

Сензорни мониторинзи, менаџмент и автоматизација на процесите, се само сегмент од словачката поддршка што може да ја добие Македонија.